Популарната тинејџерска романтична серија The Summer I Turned Pretty официјално ќе добие филм кој ќе ја заврши приказната на Belly, Conrad и Jeremiah. Веста ја потврди авторката Jenny Han за време на специјален настан во Париз, а фановите буквално „полудеа“ на социјалните мрежи.
Според информациите, филмот ќе биде последното поглавје од приказната и ќе се фокусира на „големата пресвртница“ во животот на Belly. Иако деталите за приказната сè уште се тајна, познато е дека Lola Tung и Christopher Briney повторно ќе ги играат Belly и Conrad.
На интернет веќе кружат многу фан теории. Дел од фановите мислат дека филмот ќе прикаже свадба, нов почеток за Belly и Conrad или дури голем временски скок во иднината. На TikTok и Reddit, многумина велат дека ова е една од најдобрите адаптации на тинејџерски книги во последните години.
Во меѓувреме, снимањето на филмот веќе започнало, но продукцијата им испрати апел на фановите да не го снимаат сетот и да не објавуваат спојлери на социјалните мрежи, бидејќи тоа им создава проблеми на актерите и екипата.
Филмот се очекува да излезе во 2027 година и многумина веруваат дека ова ќе биде емотивен крај на една од најомилените teen romance приказни на денешницата.




