„My Life with the Walter Boys“ се врати!Што ни носи третата сезона?

Чекањето заврши – „My Life with the Walter Boys“ се врати на Netflix со третата сезона, а Jackie, Cole и Alex повторно се во центарот на драмата. Сите 10 епизоди од новата сезона се достапни од 6 август.

По хаотичниот крај на втората сезона, Jackie и Cole конечно ги признаа своите чувства, но моментот беше прекинат откако Alex ја слушна нивната исповед. Во исто време, семејството Walter се соочува со сериозна семејна ситуација по итното заминување на George во болница.

Во третата сезона, љубовниот триаголник повторно е една од главните теми, но овојпат ликовите се соочуваат и со нови предизвици. Cole се впушта во светот на автомобилските трки, Alex се посветува на родеото, а Jackie се обидува да сфати што навистина сака.

Но, има и ново лице кое може дополнително да ја искомплицира ситуацијата – Eliot, кој доаѓа од Њујорк и повторно ја поврзува Jackie со нејзиниот поранешен живот.

И ако мислевте дека третата сезона е последна… не е! Netflix веќе ја обнови серијата и за четврта сезона, која е планирана за 2027 година.

А сега најважното прашање: Дали си #TeamCole или #TeamAlex?

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top