Белград станува сè попопуларен избор за младите кои сакаат кратко патување исполнето со добра атмосфера, шопинг и интересни места за прошетка. Градот деновиве е полн со туристи, а најпосетени се Кнез Михаилова, Калемегдан и шеталиштето покрај Дунав.
Посетителите велат дека Белград нуди одлична комбинација од модерни кафулиња, ресторани, ноќен живот и опуштена атмосфера. Голем број млади го избираат и поради добриот шопинг и многуте настани што се организираат низ градот во текот на пролетта.
Со својата енергија и динамичен живот, српската престолнина продолжува да привлекува туристи од целиот Балкан, особено за викенд патувања и пролетни getaway прошетки.




