На Netflix пристигна „Best of the Best“, филм кој во центарот на приказната ги става две најдобри пријателки и нивната заедничка љубов кон танцот.
Мaja и Анџали се најдобри пријателки од детството, а нивната приказна добива нов пресврт кога стануваат дел од натпреварувачки боливудски танцов тим на Универзитетот во Калифорнија.
Она што на почетокот изгледа како забавна можност за танцување брзо станува сериозен предизвик. Девојките се соочуваат со силна конкуренција, притисокот да победат и со ситуации кои можат да го променат нивното пријателство.
Филмот е достапен на Netflix од 18 септември и е еден од поновите наслови што пристигнаа токму во периодот кога започнува новата сезона на училишни и студентски приказни.
За оние што сакаат филмови со танц, пријателство, натпреварување и многу енергија, ова е еден од новите наслови што можат да се додадат на листата за гледање.




