Машката кадетска репрезентација на Македонија го заокружи својот настап на Европското првенство со убедлива победа над Израел (39:29) и го обезбеди 9. место во Европа.
Нашите млади ракометари покажаа уште една одлична игра и со доминантна партија во последниот натпревар ставија печат на успешниот шампионат. Со оваа победа, македонските кадети потврдија дека поседуваат огромен потенцијал и светла иднина за македонскиот ракомет.
Со срце на теренот, борбеност и одлична тактичка подготовка, младите репрезентативци и стручниот штаб заслужено се враќаат со значаен резултат на меѓународната сцена.
Честитки до сите ракометари, стручниот штаб и Ракометната федерација на Македонија за овој голем успех!




