Рита Ора со емотивна порака пред Охрид: „Едвај чекам да бидам толку блиску до дома“

Светската поп-ѕвезда Рита Ора со нетрпение го очекува својот концерт во Охрид и тоа јасно го покажа во видеопораката што ја испрати до македонските фанови. Во пресрет на настапот, пејачката откри дека е особено возбудена што повторно ќе биде толку блиску до своите корени.
„Превозбудена сум за концертот во Охрид и се радувам што сум толку блиску до дома“, порача Рита, додавајќи дека овој настап за неа има посебно значење бидејќи во публиката ќе бидат и членовите на нејзиното семејство, како и блиски пријатели.
Концертот, кој ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, веќе се најавува како еден од најголемите музички настани ова лето. Публиката ќе има можност во живо да ги слушне нејзините најголеми светски хитови и да биде дел од спектакуларна вечер исполнета со музика и енергија.
Интересот за настапот е голем, а пораката на Рита дополнително ја зголеми возбудата кај домашните фанови, кои со нетрпение го очекуваат нејзиното пристигнување во Македонија.
Покрај Рита Ора, на сцената ќе настапат и Senidah и 2Bona, што ја прави оваа концертна вечер една од најочекуваните музички случувања во регионот ова лето.
Концертот ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top