Во првото издание на рубриката „Teen-Tok интервју“, разговараме со Сара Пачемска. Ни откри каква била како тинејџерка, што ја мотивира секој ден, на што е најгорда и каков совет им испраќа на младите кои сонуваат да станат инфлуенсери.
1. Каква беше Сара како тинејџерка?
Да бидам искрена, имав различни фази во тој период како и повеќето. Имав денови кога бев многу повлечена, срамежлива и не се дружев многу. Но имаше и денови кога постојано бев надвор со друштвото и бев полна со енергија.
2. Како би се опишала себеси?
Себеси би се опишала пред се како многу искрена, некогаш и повеќе од што треба. Амбициозна сум и многу одговорна. Секогаш ги завршувам работите како што треба, и никогаш не доцнам. И како што би рекле многу луѓе, имаат чувство дека иако можеби не ме познаваат долго сепак сакаат да ми се доверат што многу ме радува.
3. Кој момент те направи најмногу горда на себе?
Не би можела да издвојам еден конкретен настан. Но, она на што сум најмногу горда е што конечно почнав да зборувам за тоа како се чувствувам, повеќе да покажувам емоции и навистина да разберам дека е во ред и кога не сум во ред. Порано тоа го кажував како фраза која луѓето треба да ја слушнат и практикуваат, но денес тоа и го живеам.

4. Што најмногу те нервира, а што најмногу те смирува во секојдневието?
Она што можеби најмногу ме нервира е непочитување на туѓото време. Се случува секој некогаш да задоцни или да има некоја друга неодложна обврска, но тоа би требало да се најави. А тоа што ме смирува е квалитетно време поминато со моите пријатели.
5. Која порака би им ја испратила на младите кои сакаат да станат инфлуенсери?




