Најмодерните обувки за пролетва ќе ги израдуваат дамите, бидејќи се удобни и одат со сè.
Модниот свет се фокусира на трендовите што ги спојува шик-изгледот и посакуваната удобност. Оваа пролет фокусот е на обувките во кои можеме да издржиме цел ден, од утро до вечер, а еден модел особено се издвојува како апсолутен фаворит на сите трендсетерки.
Оваа сезона, палетата на бои за рамните мокасини се движи од безвременските класици до впечатливи тонови, кои ја освежуваат секоја комбинација.
Бордо: Оваа боја продолжува да доминира. Мокасините во богати тонови на црвено вино изгледаат неверојатно луксузно и совршено одат со сив или тегет стајлинг.
Крем: Идеални за пролетна свежина. Посветлите тонови даваат доза на префинетост и лесно се комбинираат со ленени парчиња.
Класична црна: За љубителките на минимализмот кои сакаат инвестиции што никогаш не излегуваат од мода. Црната кожа со златен или сребрен детаљ (како копче), секогаш е добар избор.
Металик нијанси: Сребрените и златните мокасини за вистинско „statement“ парче што обичните фармерки ги претвора во висока улична мода.
Без оглед на вашиот личен стил, рамните мокасини се најпрактичната инвестиција за деновите што ни претстојат. Тие се доказ дека модата може да биде удобна, без да се изгуби ни трошка елеганција.




