„Разговаравме со Благица Трајков за љубовта, новите приоритети и животот по ‘Ѕвездите на Гранд’.“

Имавме прилика да зборуваме со Благица Трајков,младата пејачка што ја паметиме уште од нејзиното претставување на музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд“ но и од нејзиниот значаен период на YouTube, каде што споделуваше песни и моменти со своите следбеници. Благица отсекогаш била инспирација за младите, со својот талент, енергија и искрен пристап кон животот.

Во разговорот, таа ни откри како се гледа денес и како со времето се менувале нејзините приоритети. Настапите на „Ѕвездите на Гранд“ ѝ биле прекрасно и важно искуство, но со текот на времето сфатила дека се гледа во поинаков живот, со поинаква динамика. Одлуката да не продолжи со музичката кариера дошла природно, како дел од нејзиниот личен раст.

За својот YouTube период, Благица објасни дека тоа било убаво време, но дека животот и се променил. Сакав повеќе мир, спонтаност и моменти само за себе, вели таа, додавајќи дека едноставно ја послушала својата интуиција и се повлекла без драма.

Личниот живот ѝ донел неверојатни моменти. Нејзиното запросување било вистински спектакл, со мотори, адреналин и многу емоции, а целата атмосфера била „на нивен начин“ — пресреќна и многу емотивна, за неа најважно било чувството во тој миг,а тоа нема цена.

Денес таа го носи презимето Трајков и, иако свадба сè уште нема, ужива во подготовките, сакајќи целиот период да го живее полека и лично. Музиката и сцената остануваат дел од нејзината приказна, но сега таа ја раскажува поинаку — преку мир, љубов и моменти што навистина значат.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top