ЈОЦЕ ПАНОВ НЕ ЗАПИРА!

И покрај тоа што работи на подготовки наФилхармонија 2, концертот кој Јоце Панов неодамна објави дека ќе прерасне во традиција и ќе се реализира на 18 март оваа година, овој македонски пејач очигледно не запира со новитетите во својата кариера.

Иако премиерата на спотот за песната “Нема жена како тебе”  се случи пред неполн месец, на радост на неговите обожаватели на социјалните медиуми, во домашна атмосфера, на клавир сподели две видеа.

За “Алкатраз” вели дека е нешто сосема поинакво, машка брза песна, во која се зборува за борбеноста и подготвеноста во љубовта, додека “Nema me više” e љубовна балада, карактеристична за Јоце.

Од ПР Тимот велат дека двете нови песни ќе ја доживеат својата промоција на концертот оваа година, а за истите ќе се снимаат и видео записи.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top