Третото продолжение на „Аватар“ на Џејмс Камерон заработи речиси 345 милиони долари во првиот викенд низ целиот свет, како што се очекуваше, објави во неделата дистрибутерот „Walt Disney“.
Во американските и канадските кина, филмот со целосен наслов „Аватар: Оган и пепел“, заработи 88 милиони долари, соопштија од „Walt Disney“.
Зои Салдана и Сем Вортингтон ги позајмија своите гласови на главните ликови во филмот, кој ја раскажува приказната за племето На’ви, сини суштества високи три метра кои мора да се борат за да го заштитат своето семејство и планетата Пандора.
Првиот „Аватар“, кој се појави во 2009 година, е на врвот на сите времиња на бокс-офисот со 2,9 милијарди долари продажба на билети низ целиот свет.
Продолжението за 2022 година, „Аватар: Патот на водата“, е на третото место со приходи од 2,3 милијарди долари.
Во третотот продолжени се запознаваме со Народот на пепелот, поагресивно племе На’ви со сив тен кое ја претставува помрачната страна на Пандора.
Режисерот Џејмс Камерон го снимаше филмот истовремено со второто продолжение за да обезбеди визуелен континуитет.
Критичарите велат дека филмот е емотивно тежок, а не само визуелно спектакуларен.


