
Овогодинешното Victoria’s Secret Fashion Show донесе многу моменти за паметење, но зад сцената новинарите открија нешто што веднаш стана тема број еден: тајниот трик што стои зад препознатливите, сјајни розови усни на моделите.
Иако изгледот делува едноставно, тимот задолжен за шминката на моделите предводен од легендарната Pat Mcgrath конечно ја откри формулата што го дава тој совршен „ангелски“ финиш.
Трикот е во правилното слојување
Според шминкерскиот тим, тајната не е само во самите производи, туку и во начинот на нанесување. Комбинацијата се состои од три чекори:
-
Нежна розова или неутрална основа на моливче
Моделите не добиваат силно исцртани усни, туку меко дефинирање што ја задржува природноста. -
Главниот сјај за усни во розова или нуд нијанса
Избраниот сјај за усни создава рамномерен сјај, но тоа е само дел од тајната. -
Последниот, најважен чекор: светкав слој само во центарот на усните
Mcgrath користи мала количина светкав сјај само во средината. Овој микродетал ја фаќа светлината од сите агли и создава впечаток на поголем волумен — токму она што се гледа на пистата.
Зошто токму овој изглед?
Креативниот директор Адам Селман сакал моделите да изгледаат свежо, блескаво и природно. Наместо тешки контури или драматични нијанси, изборот паднал на комбинација што ја истакнува природната убавина на усните, но сепак изгледа „runway ready“.
Може да се направи и дома
Иако изгледот е создаден за најгламурозната модна писта, техниката е навистина едноставна и достапна за секој тинејџер што сака дополнително сјај во секојдневната шминка.
Со три производи — моливче, глос и малку светкав слој — може да се постигне истиот ефект.
Во шоуто се користеа производи од Pat McGrath Labs, но техниката функционира и со други глосови со соодветна текстура.
Токму ова „скриено“ слојување е причината што усните на моделите изгледаат толку блескаво и совршено под рефлекторите. Тајната е откриена — а изгледот е доволно едноставен за да стане нов омилен тренд меѓу тинејџерките ширум светот.



