Малите навики што ти го прават денот подобар

Не мора секој ден да биде „совршен“ за да биде добар. Понекогаш токму малите навики прават огромна разлика во расположението, енергијата и самодовербата – особено кога си тинејџер и сè ти се случува одеднаш.

Започни го денот за себе
Дури и 10 минути наутро без телефон можат да ти го сменат цел ден. Музика што ја сакаш, кратко средување или само кафе/чај во тишина – тоа е твојот момент.

Не споредувај се нон-стоп
Инстаграм не е реален живот. Никој нема „совршен“ ден 24/7, и тоа е сосема океј. Фокусирај се на себе, не на филтерите.

Изрази се како сакаш
Преку шминка, облека, фризура или стил – твојот изглед е твој начин на комуникација. Нема правила, има само тоа што ти прави да се чувствуваш добро.

Запиши што ти е во глава
Бележник, Notes апликација или дневник – сè функционира. Кога ќе ги извадиш мислите од глава, полесно се дише.

Биди нежна/нежен со себе
Не мора секогаш да знаеш што сакаш или каде одиш. И тоа е дел од растењето.

Запомни: не си „behind“, туку токму таму каде што треба да бидеш.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top