Зимски трендови за коса 2025/2026: Освежи го својот стил оваа сезона

Зимата не е само време за топли џемпери и кафиња со чоколадо — тоа е идеално време да експериментираш со новата фризура и да го освежиш својот изглед. Оваа сезона, трендовите за коса за тинејџери се комбинација од храбри кратки фризури, меки слоеви, природни бранови и супер инстаграмски бои.

1. Bob фризура

Кратките фризури се must-have оваа зима.Боб фризурите се супер модерни и практични, особено ако носиш капа или шалови. Многу инфлуенсери на TikTok и Instagram веќе го носат, и тоа не случајно — овие фризури додаваат храброст и енергија на секој изглед.

2. Бранови и меки слоеви за долга/средна коса

Ако твојата коса е средна,здрава и долга, оваа зима носи меки бранови и слоевити фризури.Брановите можеш да ги постигнеш со пегла за коса и лак, а резултатот е „effortlessly cool“ – изгледаш како да си се подготвувала часови, а всушност тоа е супер брзо.

3. Color trends: топли и „statement“ бои

Топли бои како карамел, цимет, медено кафеава и црвеникаво-кафеава се хит оваа сезона. Многу тинејџери го комбинираат ова со омбре или balayage за супер ефект.

4. „Glass hair“ и сјајни текстури

Сјајната и мазна коса („glass hair“) останува еден од најголемите трендови. За тоа потребна е соодветна нега — маски, масла и термална заштита при стилизирање. Резултатот? Коса која изгледа како да си излегла директно од модна ревија.

Совети за зимска нега на коса

Зимата ја прави косата сува и кршлива. Користи маски за коса, leave-in кондиционери и масла. Избегнувај многу топла вода и премногу често пеглање. И, секако, носи шапка или headband кои го штитат здравјето на косата.

Оваа зима, осмели се да пробаш нешто ново — дали кратка и храбра, долга и брановидна, или сјајна и модна боја. Твојот стил, твојата инспирација, твојот зимски look!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top